https://www.facebook.com/photo/?fbid=290477313120819&set=a.290477316454152

09.05.2022 Скопје

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во април годинава се зголемени за 2,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало пораснале за 2,0 отсто. На годишно ниво, трошоците на животот бележат зголемување од 10,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 11,1 отсто.

Пораст на трошоците на живот е забележан кај маслото и маснотиите, свежиот и разладениот зеленчук, кај свежото и разладено овошје, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадите, кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук, кај пивото, рибата и морските плодови, кај кафето, чајот, какаото, лебот, житата, жестоките пијалоци и виното.

Најголем пораст има кај маслото и маснотиите за 20,2 отсто, додека пак најмал пораст има кај жестоките пијалоци и виното за 0,7 отсто.

Пораст на трошоците на живот забележан е и кај воздухопловниот патнички транспорт, кај туристичките аранжмани, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, кај гасот и течните горива за домаќинства, чистењето, поправката и изнајмувањето на облека, теписие и други подни покривки, како и кај стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, големите алатки и опремата, мебелот и покуќнината, обувките, цврстите горива за домаќинства, домашните миленици и сродните производи, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, другите апарати и производи за лична хигиена, малите алатки и останатите додатоци, услугите за рекреација и спорт, фризерските салони и центрите за разубавувањ.

Најголем пораст се забележува кај воздухопловниот патнички транспорт за 46,6 отсто, а најмал пораст кај малите алатки и останатите додатоци, услугите за рекреација и спорт, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,8 отсто.

Фармацевтските производи, велосипедите, другите услуги за опремата за сопствен превоз, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање и другите лични предмети за 0,2 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *