pionerski dom kumanovo

09.05.2022 Скопје

Поранешниот пионерски дом во Куманово е изграден во 60 – тите, кој е лоциран помеѓу три училишта, гимназијата и основните училишта Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци и детска градинка.

Граѓаните кои се плашат за својата безбедност, но и за безбедноста на своите деца, велат дека поранешниот пионерски дом, кој е во државна сопственост, е претворен во јавно веце или место каде зависниците од наркотици се редовни посетители. Повозрасните кумановци жалат за објектот, од каде излегоа многу актери, водители и спортисти, а сега претставува руина.

Градоначалникот на општина Куманово, соопшти дека локалната власт прави напори за да го добие овој импозантен објект во свое владение и ако го добие домот, ќе се намени за културна дејност за градот.

До денес, локалната власт за жал нема добиено никаков одговор од централната власт.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author