29.05.2022 Скопје
Поројниот дожд, но и град, ги поплави речиси сите улици во Тетово.
Улиците и автомобилите под вода, оштетени земјоделски посеви, поплавени дворови и подруми, е сликата по силното невреме што ја зафати Македонија.
Освен Тетово, од невремето беше зафатена и Битола, на социјалните мрежи се споделуваат слики и видеа од поплавените улици и дворови.
Во општина Лозово и дел од Каратманово, кадешто имаше врнежи со голем град, уништени се лозови и овошни насади, како и раноградинарски култури.
Подготвено од А.Ѓ.