07.05.2022 Скопје
Како резултат на упорните барања од страна на ЗНМ, Владата го прифати предлогот за измени во Кривичниот законик, со кој се поставува поефикасен систем за заштита на новинарите, обесхрабрувајќи ги потенцијалните напаѓачи во иднина.
Во однос на нападите врз медиумските работници, претседателот на ЗНМ информираше дека процентот на целосно расчистени случаи на напади врз новинари се уште е многу мал. Како позитивен чекор, претседателот на ЗНМ го посочи формирањето на Секцијата на млади новинари во рамки на стратешкиот план за дејствување во иднина.
Подготвено од М.Н.