11.05.2022 Скопје
За време на денешната посета на двете држави, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кажа дека се согласува со новите договори за подобрување на безбедноста и дека ќе ги поддржи армиите на Шведска и Финска, во случај на напад.
Џонсoн новите договори ги опишува како „чекор кон промената во обрамбената и безбедносната соработка“ и уште еднаш нагласи дека во случај на интервенција од страна на Русија, ја гарантира безбедноста на двете земји.
Подготвено од М.Н.