07.05.2022 Скопје
Најголемата воена вежба во земјава под името „Брз одговор 22“, од денес ќе започне на армискиот полигон Криволак.
Целта на оваа вежба има два аспекта, подготвеноста на македонската армија за вакви комплексни вежби, нивото на операбилност, но и начинот на кој се соработува со армиите во рамките на НАТО.
Во вежбата ќе учествуваат околу 4 600 војници од осум држави – Северна Македонија, САД, Обединетото кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција.
Подготвено од М.Н.