13.05.2022 Скопје
Украина, во вторникот, го ограничи снабдувањето со рускиот гас за Европа, блокирајќи ја клучната транзитна точка Сохрановка. Бидејќи оваа клучна точка е блокирана, испораката на гас кон Европа ќе оди по нова рута, а тоа е преку украинска Суџа.
Русија го забрани бизнисот со сопственикот на полскиот дел на гасоводот Јамал и со поранешните филијали на Газпром во ЕУ и САД.
Испораките на рускиот гас за Германија, засега се стабилни и одат преку гасоводот Северен поток 1, преку Балтичко Море.
Подготвено од М.Н.