31.05.2022 Скопје
Францускиот претседател, Макрон, ветил дека сите барања на Бугарија ќе бидат вметнати во преговарачката рамка, а тоа е спротивно од Копенхашкиот договор.
Кирил Петков и Румен Радев ќе остварат официјална средба со претседателот Макрон, на која дополнително ќе ја зацврстат заедничката соработка.
Еден од учесниците на состанокот од страна на БГНЕС, изјавил дека со оваа средба целосно ќе му веруваат на Макрон, но во исто време и ризикуваат да влезат во децениски спор, а не го сакаат, бидејќи секоја од земјите – членки ќе може да блокира било каква одлука.
Подготвено од М.Н.