26.05.2022 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека бугарските барања се многу поконтроверзни од грчките.
Тој соопшти дека Грците никогаш не го доведувале во прашање нашето етничко потекло, а спротивно на тоа, Бугарија го оспорува идентитетот на Македонците и тоа претставува голем проблем. Претседателот додава дека засега гледа значителни промени во однесувањето на Бугарија, но и дека позицијата се уште е тешка и нема значителни промени за тргање на ветото и почеток на преговорите за влез во ЕУ.
Подготвено од М.Н.