03.05.2022 Скопје
Новиот Закон за висока раководна служба се планира да влезе во владина процедура во јуни, а претходно ќе има и јавни расправи.
Со овој закон конечно ќе се елиминира партијата како главна при избор на кадар.
Министерот за информатичко општество, Адмирим Алити соопшти дека Законот за висока раководна служба ќе се однесува за изборот на генералните секретари во министерствата и директорите во органите во државната управа, а целта е овој систем на избор на кадар да се пренесе во целиот јавен сектор.
До сега многу пати, експертите и антикорупционерите алармираа дека наместо професионалноста, клучен избор на кадрите беше партиската книшка и истите се надеваат дека законот ќе ги надмине проблемите.
Подготвено од А.Ѓ.