04.05.2022 Скопје
Во недела, Министерството за одбрана ќе организира превоз од спортската сала „Борис Трајковски“ до спортскиот аеродром „Стенковец“, по повод отворениот ден за воздухопловни активности.
Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со воената професија и ќе имаат уникатна можност одблиску да видат дел од воздухопловите кои се користат за вежбата „Swift Response 22“. Се реализира на армискиот полигон „Криволак“.
Подготвено од М.Н.