02.05.2022 Скопје
Отворањето на Спомен кулата на ОНА од конфликтот во 2001 година се означи со спуштање на албанското знаме од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со претставници од локалната власт на Општина Липково.
На свеченоста присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ахмети порача дека ОНА е составен дел на историјата на Македонија, без која не можел да се постигне Охридскиот договор.
Од Центарот за Културно наследство изјавија дека не е испочитуван Законот за меморијални споменици и спомен обележја со што е повреден Уставот и објектот не е внесен во Собраниската програма за одбележување значајни настани и личности, воедно и дека нема одлука од Собранието за подигање на објектот и не е формиран одбор кој би ја следел целата процедур за подигање на Спомен кулата.
Подготвено од А.Ѓ.