05.05.2022 Скопје
Оваа градинка се чекаше цели 30 години, затоа што во градот постои огромен проблем со сместувањето на децата во предшколска установа.
Германската фабрика „Кромберг и Шуберт“ заедно со Општина Битола требаше да учествуваат во изградбата на новата градинка. Градинката беше најавена со капацитет од околу 250 деца, 13 занимални и сопствена кујна и исто така беше најавена инвестиција од 400 000 евра од кои половината ги обезбеди германскиот инвеститор, а другата половина Општина Битола.
Од Општина Битола изјавиле дека проблемите помеѓу општината и изведувачот се појавиле одма по потпишувањето на договорот од страна на претходната локална самоуправа.
Општина Битола работи на надминување на проблемите и реализација на проектот.
Подготвено од А.Ѓ.