28.05.2022 Скопје
Професорот на правниот факултет од Скопје, Александар Спасеновски и архимандритот од Бигорски, отец Доситеј имале средба со Вселенскиот патријарх, Вартоломеј во Грција.
Вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј остварува патријаршиска посета на повеќе места во Грција, неговото патување започнало од Драма и Солун, а ќе заврши во Света Гора.
Во Света Гора, г.г.Вартоломеј ќе посети и богослужби во повеќе манастири, како што е Соборниот храм на Протатонот во Кареја, Ќелијата „Достојна ест“, Манастирот Ивирон, Великата Лавра, Каракал и други места, коишто му се во неговата татковска грижа.
Подготвено од А.Ѓ.