18.05.2022 Скопје
Во Охрид почнаа да пристигнуваат туристи, првата група на туристи пристигнале на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ и тоа претежно од Холандија.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, за медиумите изјави дека оваа година се очекува повеќе од 60 чартер летови од Холандија да го посетат Охрид, летово, а исто така и за прв пат се очекуваат и летови од Обединетото Кралство, со што се очекува и повеќе илјади британски туристи.
Според стратешкото планирање на АППТ за 2022 година, во земјава се очекуваат 2,6 милиони ноќевања и зголемен девизен прилив, после двегодишната пандемија на Ковид – 19.
Подготвено од М.Н.