24.05.2022 Скопје
Браќата Кирил и Методиј кои се основоположници на Словенската писменост и литература, поради заслуги во христијанскиот свет, Светата црква гиима прогласено да бидат рамни на апостолите.
Родени се во Солун од семејство на висок византиски службеник, татко им Лав бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.
Кирил починал во Рим во 869 година, а Методиј во 885 година. По смртта на Методиј неговите ученици биле протерани на југ. Светите Климент и Наум, делото на своите учители, го продолжиле на брегот на Охридското Езеро.
Подготвено од А.Ѓ.