07.05.2022 Скопје
Поради тешки дела против здравјето на луѓето, односно врз пациентка – родилка од Дебар каде што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба, обвинети се тројца лекари вработени во Јавната здравствена установа „Медицински Центар“ во Струга.
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, поднесе Обвинителен предлог против тројца лекари за сторено кривично дело – „Тешки дела против здравјето на луѓето“.
Се очекува да започне судската постапка против лекарите.
Подготвено од М.Н.