https://www.facebook.com/photo/?fbid=301681828649879&set=a.291786029639459

10.05.2022 Скопје

Новиот Закон за работни односи ќе биде усогласен со меѓународните стандарди и ќе ја потенцира важноста на социјалниот дијалог, со што треба да бидат задоволни и работниците и работодавачите.

Министерството за труд и социјална политика започнува со интензивната работа на новиот Закон за работни односи, со што во подготовката на истиот ќе учествуваат сите чинители во општеството, претставници на работниците, работодавачите, Меѓународната организација на трудот, како и експерти од областа на трудот.

Целта е креирање на нов системски закон, кој ќе одговори на потребите на едно современо општество.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека ќе се работи на законско решение кое ќе обезбеди поголема заштита и унапредување на работничките права.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author