20.05.2022 Скопје
По новата победа и вториот мандат на претседателот на Франција, Макрон ја формира новата Влада.
Нов министер за надворешни работи на земјата е Катрин Колона.
Министрите за финансии и економија и за внатрешни работи остануваат истите на функција како и до сега, а Амели де Моншелен е назначена за нова министерка за животна средина и климатско планирање.
Елизабет Борн е избрана за нова премиерка, со што таа е втора жена поставена на премиерската функција во Франција.
Подготвено од М.Н.