https://www.flickr.com/photos/146228398@N03/31841320642/in/photolist-QvH6hW-hickq5-BcmM5D-2gAHwmT-6ghrVK-2kjLeSp-2hF8YfX-2927pK1-qnVfyG-Mpgd65-cfE3m-BfgRVX-8YaFq2-61L3Ap-2jEYDEJ-GL9yng-2mKregZ-H7dH6b-9riL57-f79YMe-2hsqBRS-KMaiS2-DKMazP-2jCvTup-dwXfvD-phQWHS-Mpgdn7-v4ze5J-2jEYDtX-DW5mwE-AN4Rn1-MpgbW1-GjkbAN-Mpgco3-eyVufF-MNgzxm-8zt3aQ-fhtR3Q-2hM5exE-te8iGF-7RAyYp-TRiF4a-2jC9FSH-2nGTxnZ-MFdvz5-aczzmf-5A552D-7tRi1R-2gQHSaB-edfXpn

16.05.2022 Скопје

Се подготвува нов тарифник за електрична енергија, кој се очекува до јули да биде готов. Според информациите, цената на струјата во висока тарифа ќе зависи од потрошувачката.

Се уште не е утврдена границата над колку потрошени киловат часови електрична енергија, на граѓаните ќе им се наплаќа повеќе. Евтината струја останува да се пресметува како и до сега.

По примерот на земјите од регионот, планот е да има три до четири тарифни блокови.

Воедно, се крои и новата цена на струјата и долгот кои го имаат фирмите трговци со струја кон МЕПСО, регулаторна нема да го признае како трошок.

Цената за домаќинствата најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ.

Стабилизација на цената на струјата, не се очекува во следните две години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author