26.05.2022 Скопје
Клиничкиот центар во Битола го доби новиот директор Александар Обедниковски.
Обедниковски во ЈЗУ Битола бил вработен од 2014 година и истовремено специјализирал ортопедија, а во 2018 година, станал суб – специјалист на трауматологија во Битолскиот клинички центар. Своите стручни знаења ги има усовршено во повеќе Европски држави.
Откако Министерството за здравство ја разреши Билјана Гагачовсла, нејзиното место го зазел Александар Обедниковски.
Подготвено од М.Н.