12.05.2022 Скопје
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на својот фејсбук профил објави дека се радува на ваквите посети, каде лично од терен ги гледа резултатите и придобивките од мерките кои ги носат.
„Поддршка за секој земјоделец“ е нова програма за силна подршка на земјоделците, за помали трошоци и зголемено домашно производство на стратешките култури.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, додаде и дека во текот на денешниот ден со караванот го посетил Битолскиот реон и во иднина ќе продолжи со силна поддршка.
Подготвено од А.Ѓ.