24.05.2022 Скопје
Меѓу заменик директорот на јавната безбедност и полициски началник се случил судир поради пукање во Чаир.
Во близина на ресторан каде што се прославувало матура, едно лице било излезено и почнало да пука во воздух пред полицијата, којашто патролирала во тој реон, бидејќи на матурската прослава биле присутни и припадници на полицијата и од јавната безбедност, во моментот кога патролната полиција сакала да го приведе лицето, коешто пукало во воздух, од ресторантот искочиле припадниците од јавната безбедност и настанало судир, по што физички го нападнале полицискиот службеник.
Од Оделот за внатрешна контрола и професионални стандарди имаат обезбедено видео снимки, како и пиштолот од настанот и ќе се превземат мерки за расчистување на настанот.
Подготвено од А.Ѓ.