25.05.2022 Скопје
Во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу Рома и Фејнорд, во Тирана се случија големи нереди.
Навивачите на двете фудбалски екипи почнале вербално да се напаѓаат меѓу себе, по што се вмешале и мештаните, а подоцна во нередите се вклучила и полицијата.
Во меѓусебната пресметка, 12 полицајци се повредени и завршиле во болница, а преку 60 лица од навивачките групи биле уапсени.
За нередот во Тирана, постои и видео, коешто кружи на социјалните мрежи.
Подготвено од М.Н.