11.05.2022 Скопје
Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „ Евровизија “, што предизвика негативенн публицитет на МРТ, се разгледува можноста следната година веќе да не се учествува во изборот на песна на Евровизија.
Оваа одлука за разгледување се случи по инцидентот со овогодинешната претставничка, Андреа Коевска, која на тиркизниот тепих во Торино, го фрли Македонското знаме и предизвика бурни и негативни коментари кај јавноста за целата организација за Евровизија, која што ја предводи Македонската радио телевизија.
Подготвено од М.Н.