
31.05.2022 Скопје
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека е неизвесно каква зима не очекува и дека никој не може со сигурност да предвиди што ќе се случува на поле на енергетиката.
Претходно најголем проблем беше цената, а сега поради војната во Украина, проблем е и увозот на гас.
Во изјавата, Бислимоски истакна дека гасот се уште доаѓа во земјава, без разлика на цената, но никој не може да каже што ќе се случи доколку Русија не прогласи за непријателска земја и со тоа го стопира увозот на гас. Тој додаде и дека поентата е да се искористи капацитетот што ни е слободен во гасоводот и да се даде на располагање на други трговци, за увоз на гас преку Бугарија од друго место.
Подготвено од М.Н.