26.05.2022 Скопје
Во една објава, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кажа дека патот за членство во НАТО не бил лесен, како што не е лесен и за влез во ЕУ.
Во објавата додаде и дека нема откажување од тој пат и дека се очекуваат посериозни предлози кон крајот на јуни.
Поради притисоците на ЕУ и САД во врска со нашето членство нема веќе време за чекање , бидејќи чекањето не може да ја подобри ситуацијата, затоа што почнувањето на преговорите е од стратешки интерес на Европската Унија.
Подготвено од М.Н.