https://www.facebook.com/photo/?fbid=319019867084651&set=pb.100069299196115.-2207520000..

31.05.2022 Скопје

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, изјави дека иако пожарот е изгаснат се уште има слаб чад и во ваков вид на пожар, тоа е нормално.

Иако имаше премногу црн чад, опремата којашто може да детектира отровни материи во испарувањето, покажа дека нема отровни материи и опасност за Тетово и граѓаните, по нивното здравје.

Ангелов додаде и дека фабриката не е целосно изгорена, туку само некои делови, а долготрајноста на пожарот се должи на материјалите, кои кога еднаш ќе се запалат горат долготрајно и тешко се гаснат.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *