05.05.2022 Скопје
Независниот синдикат од Управата за водење на матични книги не успеа да се договори со Министерството за правда, за покачување на платите.
Претставникот на Синдикатот на УВМК по средбата наведе дека е прифатено да има унапредување на вработените, но не и усогласување на платите.
Поради таа одлука, односно не постигнат договор, штрајкот нема да се стави во мирување, туку ќе продолжи се до исполнувањето на нивното барањње за усогласување на платите.
Подготвено од А.Ѓ.