19.05.2022 Скопје
Динамиката во изминатиот период, изјавите на официјални лица на ЕУ, временската рамка за договор во јуни ставена од страна на Борел за прв пат, како и најавите за посетата на германскиот канцелар Шолц на Балканот, покажува дека ЕУ има некаков план за Северна Македонија.
Андреј Петров, во медиумско обраќање, изјави дека нашето место е во Европската Унија и ние сме европски народ, но нема да се дозволи да бидеме предмет на уцени и малтретирања, со што тој додаде дека Владата не се врзува со рокови за постигнување договор со Бугарија, бидејќи во минатото таа опција се нема покажано како успешна.
Подготвено од М.Н.