14.05.2022 Скопје
Рекорден долг висечки мост, кој се протега на 721 метар помеѓу два планински сртови и на височина од 95 метри, се отвори во Чешка, поточно во близина на одморалиштето Долна Морова.
Мостот „Скaјбриџ 721“ им овозможува на планинарите кратенка низ облаците, со феномален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник.
Мостот е изграден во близина на видиковецот Скајвалк, платформата е висока 55 метри од која можат туристите да се лизнат по тобоганот од 100 метри.
Изградбата на „Скaјбриџ 721“ траеше околу 2 години и чинела околу 26,5 милиони евра.
Мостот стана вистинска адреналинска атракција за туристите од целиот свет.
Подготвено од М.Н.