https://www.facebook.com/photo/?fbid=107154841073298&set=a.107154884406627

16.05.2022 Скопје

Ели – Медика го добила тендерот за здравствени прегледи на полициските специјалци, за полицајците во СВР Тетово, СВР Струмица и гранични полицајци на западната граница.

МВР со Ели – Медика од Струмица потпиша рамковна спогодба за здравствени систематски прегледи, за наредните три години.

За Ели – Медика е отворена истрага, поради сомнежи дека во повеќе казина на јужната граница, продавале лажни ПЦР сертификати за корона тестирање. И покрај истрагата, цели единици и сектори на МВР ќе се прегледуваат кај лекари ангажирани од Ели Медика.

До министерот за здравство е испратено известување за натамошно одлучување, но досега здравствениот инспекторат не бил известен за никаква одлука од министерот, поврзан со издадената дозвола за Ели – Медика.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author