17.05.2022 Скопје
Министерот за здравство, Беким Сали смета дека состојбата со Ковид – 19 во државата е стабилна и иако 99 отсто од ковид мерките се укинати, тие и понатаму треба да останат. Исто така, најави и дека Комисијата за заразни болести ќе продолжи со работа во насока на планирање како да се справиме со постковидот, а целта е и симулација на можна појава на петти бран на ковид инфекции.
Европската Комисија го прекинува договорот со фармацевтската компанија Валнева, што претходно беше потпишан, за набавка на вакцината против Ковид – 19. Детали за причините се уште не се објавени.
Во Германија останува задолжителното носење на заштитна маска на летовите, и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската Унија. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот.
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, на војската и нареди да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид – 19 во Пјонгјанг, во борбата против првото потврдено избивање на вирусот во земјата. Северна Кореја, минатата недела, информираше за првото избивање на „ експлозивна “ епидемија.
Подготвено од А.Ѓ.