10.05.2022 Скопје
Околу 85 % од младите се немоќни за промени во општеството, неквалитетниот живот ги тера да се иселат од земјата.
Не само финансиите, туку и начинот на живеење и владеењето на правото се проблемите кои ги тераат младите да се иселуваат од државата.
Според податоците од пописот во 2021 година, во рок од 20 години, бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за речиси 150 000 граѓани или за 6 отсто помалку од 2002 година.
Поголемиот дел од младите се разочарани, затоа што не веруваат дека можат да направат промени во општеството во Македонија и да останат во државава.
Подготвено од А.Ѓ.