07.05.2022 Скопје
Силната загриженост на експертите се изрази најмногу во моментот кога фреквенцијата на забележаното оштетување на црниот дроб е 10 до 20 пати поголема од очекувањата кај децата.
Ова е ново заболување во светот и затоа мора да се биде многу внимателен, но место за паника се уште не постои.
Новиот Хепатит е проблем кој се јави во целиот свет помеѓу детската популација и доколку родителите забележат дека детето е слабо, нема апетит, има одредена слабост и пројавува изразено жолтило на целата кожа, првично да направат биохемиски анализи и да се јават на лекар.
Подготвено од М.Н.