16.05.2022 Скопје
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Самостоен синдикат за образование, наука и култура, Јоаким Неделковски, со претставници од двете страни, денес одржаа средба.
На средбата продолжија разговорите околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот од СОНК.
Министерката Тренчевска истакна дека има значително приближување на ставовите на двете страни и до крајот на оваа недела би требало да се дојде до заедничко прифатливо решение во рамки на законите.
Подготвено од А.Ѓ.