10.05.2022 Скопје
Министерството за економија достави Предлог измени на Законот за трговија.
Со овој предлог се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Законот за туристичка дејност, сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници во текот на целата година.
Надоместокот од 100 проценти дневници за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците.
Предлогот измени се доставени до пратениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.
Подготвено од А.Ѓ.