31.05.2022 Скопје
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, од денеска е во официјална посета на САД.
Како што информираат од Министерството за одбрана, за време на работната посета, министерката Петровска ќе има средба со повеќе колеги од САД.
Агендата на министерката Петровска предвидува и учество на првиот стратешки дијалог помеѓу Северна Македонија и САД, каде ќе биде и дел од Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Подготвено од М.Н.