30.05.2022 Скопје
Државниот испитен центар и УСАИД потпишаа Меморандум за разбирање и соработка „Младите размислуваат“ со цел да обезбедат зајакнување на медиумската писменост кај учениците.
Медиумската писменост е особено важна за нашата држава. Таа не значи само читање и пишување, туку многу повеќе, пред се анализирање и проценување на веродостојноста и квалитетот на различни текстови и медиумски содржини, како и критичко размислување, формирање и бранење на ставови базирани на факти и докази.
Проектот „Младите размислуваат“ е спроведен од страна на Меѓународниот одбор за истражување и размена во соработка со локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, а е финансиски поддржан од УСАИД.
Подготвено од А.Ѓ.