05.05.2022 Скопје
По повод 5 Мај – Денот на Македонскиот јазик претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се огласи со порака до македонските граѓани.
Пендаровски порача дека обврска ни е да го чуваме и негуваме македонскиот јазик бидејќи тој е наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување. Не е само долг кон нашите предци туку и кон нашите потомци, кон културното наследство на човековата цивилизација и влог во нашата единствена татковина.
Подготвено од А.Ѓ.