15.05.2022 Скопје
Македонија во април имаше инфлација од 10,5 проценти во однос на истиот месец минатата година. Воедно, веќе зачекори во сферата на двоцифрена инфлација, а за двоцифрениот пораст на потрошувачките цени известија и од многу други земји низ светот.
Во Словенија, априлската инфлација е 6,9 проценити, додека за другите земји во регионот се објавени податоци за инфлацијата во март, кадешто во Србија, мартовската годишна инфлација била 9,1 проценти, во Црна Гора била 9,7 проценти, а во Федерација Босна и Херцеговина, трошоците за живот во март 2021 година во однос на март 2020 година се зголемиле за 11 проценти.
Министерството за труд објави дека потрошувачките цени скокнале за 8,3 проценти минатиот месец во однос на 12 месеци порано. Најмал пораст во последните осум месеци е од март до април, кадешто цените се зголемија за 0,3 проценти.
Подготвено од А.Ѓ.