https://www.flickr.com/photos/122596803@N04/15382232945/in/photolist-prgXWR-26pSSfc-ihynqL-25zCTfu-prvwhn-7mpHxo-P6KxV-gN7jVS-2npqgZ-9ET1bS-HoosWi-79Ze1J-aW1FBZ-PFQeYj-286NJmb-g14a25-3ipQW1-9qsSAg-2fHkpvu-7THkEB-2gCQpot-7THksv-pqk576-qPMPti-7AntuM-xVcW9L-2mKRDPV-2nk8Zya-2jF8zZW-2njRmKh-36Rhtw-2iDkvBX-dvNfoE-2nb4uns-2nFwsko-2nksfum-VWdNBM-8HW6jE-Gs3u2W-A5ZMU2-2h3XDnh-2kyF3s2-288SuY-zDqhdQ-89wLbw-2m6QGdy-edtZQP-5op6SC-nUS8KF-5THzFC

03.05.2022 Скопје

Според Индексот на слобода на медиумите, Македонија е позиционирана на 57 место и спаѓа во категоријата на „проблематични земји“ со што сè уште има многу работа за да напредува во делот на медиумската слобода.

Здружението на новинарите и на новинарскиот синдикат предложија измени на Кривичниот закон, со кои предлагаат нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност, со предвидени повисоки казни за престапниците.

Од Здружението на новинарите информираат дека ФЕЛАТА е во дефицит од млади новинари и сниматели, а факултетските клупи се повеќе се празнат и интересот за овие важни професии опаѓа.

Во Македонија има и недостиг од квалитетна медиумска содржина, документарци, емисии, и на националните, но и на локалните медиуми.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author