18.05.2022 Скопје
Денеска и утре во Скопје ќе се одржи самит, кој е 11ти по ред и на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.
Самитот ќе започне со економски теми и со разгледување на тековните проблеми на Западен Балкан, ќе се дискутира и на актуелните теми, како што се дигитализација, развој на технологијата, градење на глобални брендови, работните места и човечкиот капитал.
Подготвено од М.Н.