09.05.2022 Скопје
Детското летувалиште Титови пионери се наоѓа кај село Николиќ во Дојран, кое претставува импресивно архитектонско дело создадено во седумдесетите години на дваесетиот век.
Во крајезерското детско одморалиште наместо детски џагор, ве пречекува подмолна тишина, затоа што речиси две децении е запуштено и некорисно.
Летувалиштето го сочинуваат комплекс од повеќе одделни објекти. На граѓаните на Дојран, ова одморалиште им било гордост, кое не го користеле само децата, туку и ресторанот го изнајмувале за прослава на семејни веселби.
Од општина Дојран соопштија дека има голем интерес да се инвестира во оваа локација.
Подготвено од А.Ѓ.