23.05.2022 Скопје
Полициски службеник вработен во ГП И ГН Деве Баир со иницијали И.Г. бил под сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Полицискиот службеник побарал парични средства од оштетеното лице А.Ѓ. за да може лицето да го помине граничниот премин без, тогаш, задолжителниот ПЦР – тест.
Оделот за Внатрешна контрола има поднесено кривична пријава против полицискиот службеник и ќе биде покрената постапка за суспендирање, до завршувањето на дисциплинската постапка.
Подготвено од М.Н.