18.05.2022 Скопје
Гувернерката на НБРМ изјавила дека војната во Украина има предизвикано силни ценовни притисоци на меѓународниот пазар на примарни производи, како и неизвесност за глобалните економски изгледи.
Банкарскиот сектор и понатаму ќе биде важна поддршка за економијата, со што за 2022 година се очекува кредитниот раст да биде 7,7 %, а со слична динамика би продолжил и во следниот период, односно во 2023 и 2024 година.
Растот на депозитите во 2022 година би изнесувал 5 %, а во 2023 година и 2024 година би достигнал 7,5 %.
Подготвено од М.Н.