26.05.2022 Скопје
На собраниска седница, која е посветена на пратенички прашања, акцент се стави на однесувањето на Талат Џафери кон собраниските служби, откако се појави снимка со неговиот глас како ги навредува вработените.
Премиерот Ковачевски на прашањата поставувани од опозициската партија, дали ќе го осуди однесувањето на Џафери, не произнесол конкретен одговор и ги упатил некои прашања да му ги постават директно на претседателот на Собранието, бидејќи Ковачевски не бил потпарол на Џафери, со што го избегнал вистинскиот одговор.
Подготвено од М.Н.