02.05.2022 Скопје
Европската куќа ги суспендираше сите руски клубови и репрезентации од своите натпревари, со што притисокот врз ФИБА е се поголем и речиси е сигурно дека ќе се реализираат најавите за суспензија на Русија од сите кошаркарски натпреварувања.
Реализирањето на најавите за суспензија на Русија од страна на ФИБА, на Кошаркарската репрезентација на Македонија би можело да и донесе билет за Евробаскет 2022.
Доколку Македонија го заземе местот на Русија, нашите кошаркари би играле во Тбилиси против селекциите на Грузија, Шпанија, Турција, Белгија и Бугарија.
Ако се реализираат најавите за дисквалификација на Русија и повик на македонската репрезентација, „црвено – жолтите“ на 1 Септември во премиерниот меч од ова натпреварување ќе се сретнат со Турција.
Евробаскет 2022 ќе се одржи од 1 до 19 Септември во четири земји – домаќини, Грузија, Чешка, Италија и Германија.
Подготвено од А.Ѓ.