12.05.2022 Скопје
Западен Балкан и неговата европска перспектива, војната во Украина, енергетската криза, мигрантското прашање беа теми за кои разговараа Варвициотис, Велинов и Григоре Гитман, на нивната средба во Атина.
Има некои чекори што треба да се превземат од Владата на Р.С.Македонија особено на полето на исполнување на нивните обврски, согласно со договорот од 2017 година за добрососедни односи.
Заменик шефот на бугарската дипломатија, Васил Георгиев, изјави дека кога ќе видат конкретни чекори и гаранции од Владата на Р.С.Македонија дека прашањата не се одложуваат, туку се решаваат, се подготвени да се согласат за одржување на првата меѓувладина конференција и истакна дека Бугарија ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.