20.05.2022 Скопје
На министерската сесија со која претседава Италија, ќе учествуваат министри за надворешна работа од 46 земји членки, меѓу кои и министерот на Северна Македонија, Бујар Османи.
Ќе бидат дискутирани повеќе актуелни теми, но фокусот ќе биде за војната и последиците во Украина.
Во оваа министерска сесија, која е 132-ра по ред, годинава нема да учествува Русија, поради агресијата врз Украина.
Русија е исклучена од оваа организација.
Подготвено од М.Н.